Шведска ќе биде првата земја во светот која нема да користи пари

- Advertisement -

Минатата година по прв пат после речиси 170 години немаше ниту еден грабеж на банка во Шведска. Со оглед на екстремно насилната прирофда на организираниот криминал во оваа скандинавска земја, која честопати е тема на дискусии, звучи речиси невозможно да нема ниеден грабеж.

Сепак, одговорот на тоа е дека е бесмислено да се ограбуваат шведските банки кои повеќе немаат кеш во филијалите, ниту во сефовите. Шведска моментално е најнапредната земај во светот кога станува збор за безготовинското плаќање и шведските банки се лидери во светот во однос на тој тренд. Цели сектори, како што е јавниот транспорт, повеќе воопшто не прифаќаат готовина.

- Advertisement -

Генерално, големи се шансите дека ниту една шведска продавница, ресторан, музеј, хотел и други услуги и активности нема да прифатат кеш и ќе останете неуслужени ако немате некаква форма на дигитално плаќање.

Дури и најстарите луѓе, за кои се смета дека тешко ја приваќаат дигитализацијата, престануваат да користат кеш. Процентот на луѓе на впзаст од 65 до 84 години кои користат кеш падна на само 9% од 16% пред две години. Мнду постари жители мораа да се префрлат на дигитално плаќање поради пандемијата на КОВИД-19.

- Advertisement -

Сепак, не се сите ентузијасти по прашањето безготовинско плаќање. Со години трае дебатата дали е легално да се одбие кеш како начин на плаќање. Иако законот вели дека банкнотите и монетите коиги издава Риксбанка се легални, некои експерти го бранат правото да се одбие кешот како средство за плаќање.

Освен правните аргументи, има многу други посериозни аргумењнти со кои се дискутира. Имено, војната во Украина покажа какви проблеми може да се случат во едно дигитализирано општество кога нема струја и интернет.

- Advertisement -

И соседните скандинавски земји го следат истиот тренд, но не го прифаќаат толку лежерно како Шведска. Во Данска, на пример, има закон кој вели дека сите продавници со персонал се обврзани да прифатат кеш, со одредени исклучоци ноќно време. Во Норвешка, пак, владата исто така пропагира зацврстување на законите за парите.

(Sarajevo Times)

(фото: pt-management)

Сподели!
- Advertisement -