Грција ќе ги гради првите офшор фарми на ветар

- Advertisement -

Енергијата од ветрот ќе напојува 1,5 милиони домаќинства во Грција до 2030 година ако се остварат плановите за фарми на ветар во Егејското, Јонското и Средоземното Море.

Грција забрзано работи на реализација на тие планови, објавија грчките власти. Оваа медитеранска земја, која летово беше погодена од многу пожари, бара начини да ја намали зависноста од фосилните горива.

- Advertisement -

Обновливата енергија по прв пат изнесуваше 50% од вкупната енергија потрошена во Грција во првата половина од 2023 година, а во октомври земјата сенајде на насловните страници во целиот свет кога цели 5 часа работеше само на обновлива енергија.

Тоа беше овозможено со енергија од копнени фарми на ветар, соларна и хидроенергија, но оваа нација со илјадници острови досега не го искористуваше својот потенцијал за офшор фарми на ветар.

- Advertisement -

Сега Грција ги одредува локациите за изградба на приватни фарми во рамките на планот да се инсталираат офшор фарми со капацитет од 2 гигавати до 2030 година. Тоа е доволно енергија за околу 1,5 милиони домаќинства.

Поради стратепката локација и климатските карактеристики, Грција има значителна компаративна предност во однос на потенцијалот за соларна енергија и енергија од ветар, велат грчките власти.

- Advertisement -

Планот за развој на офшор фарми вклучува 25 области поволни за такви фарми, кои покриваат површина од 2,712 квадратни километри во Егејското, Јонското и Средоземното Море. Зоните, кои ќе имаат минимален капацитет од 12,4 гигавати, се лоцирани во источниот дел на Крит, централниот дел на Егејското Море, Евиа-Хиос Аксис и во Јонското Море.

За достигнувањето на капацитетот од 2 гигавати ќе бидат потребни инвестиции од над 5 милијарди евра. Но, според посебна студија за економските бенефити од фармите на ветар, овие фарми можат да го покачат БДП за до 1,9 милијарди евра годишно во периодот од 2024 до 2050 година и да отворат до 44.000 работни места годишно.

(Euro News)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -