ВИДЕО: Почнува производството на роботи кои се склопуваат сами себе

- Advertisement -

Фабриката RoboFab треба да биде сместена во Орегон во САД, а почетокот со работа е планиран за крајот на оваа година. Производниот погон е замисла на компанијата Agility Robotics, а ова ќе биде првата фабрика во светот за масовно производство на хуманоидни роботи, со капацитет од 10.000 роботи годишно. Главниот робот ќе биде роботот Digit, кој кога ќе биде произведен во доволне број, и сам ќе учествува во склопувањето на деловите.

Digit може да биде програмиран за извршување различни задачи, а како што велат во неговата матична компанија, станува збор повеќе за асистент отколку за робот, затоа што може да биде оспособен за прилагодување на различни задачи и променливи ситуации.

- Advertisement -

Се предвидува дека роботот ќе најде своја примена и во индустрии како што се логистика, градежништво, забава и здравство, а прототипот на Digit чини околу 250.000 долари. Креаторите на роботот тврдат дека идните верзии ќе бидат поевтини.

(B92)

- Advertisement -

(фото: Twitter)

Сподели!
- Advertisement -