Откога компанијата OpenAI го претстави својот револуционерен четбот ChatGPT, беа претставени бројни различни алатки базирани на вештачка интелигенција, кои ни овозможија бројни и се до неодамна незамисливи можности. Една таква алатка претстави и Samsung, а е наменета за користење на нивните паметни телефони.
Како што велат од Samsung, Galaxy AI ќе го преобрази секојдневното мобилно искуство на корисниците, а посебен акцент ставаат на опцијата AI превод во живо (AI Live Translate Call). Како што кажува и самото име, оваа опција на корисниците на Galaxy телефони ќе им овозможи личен превод, а со оглед на тоа дека AI Live Translate Call е интегриран во изворната апликација за повици, нема да има птореба од апликација од трети страни.
Принципот на работа на оваа опција е едноставен. Додека корисниците разговараат со други луѓе кои зборуваат на странски јазик, преводите на звукот и текстот ќе се појават во реално време, така што, како што објаснуваат од Samsunga, повикувањето на телефон на некој кој зборува странски јазик ќе биде едноставно како вклучување превод додека гледате телевизија.
Она што е особено битново денешниот свет, во кој изгледа нема повеќе приватност, е тоа дека Galaxy AI е дел од самиот телесон, па приватните разговори на корисниците остануваат искклучиво на нивните паметни телефони.
Од Samsung велат дека опцијата Galaxy AI стигнува на нивните паметни телефони на почетокот на идната година. Не откриваат информации на кои телефони ќе биде достапна, но аналитичарите претпоставуваат дека прво ќе се појави на идните уреди од серијата Galaxy S. Моделите Galaxy S24, S24 Plus и Ultra ги очекуваме на пазарот на почетокот на идната година, па можеме да претпоставиме дека оваа опција ќе биде еден од новитетите кои ќе ги има на тие телефони, а ќе биде интересно да се види и дали ќе ја има и на старите модели.
(Zimo)
(фото: Samsung)