Преку “Lean six sigma” обуки до поголема продуктивност на приватниот сектор

- Advertisement -

Во Smart Learning Factory – Skopje, претставници на  приватниот сектор почнаа да ја изучуваат Lean Six Sigma методологијата. Целта на обуките е да се зголеми продуктивноста на компаниите преку спроведување на овие методи во нивните производствени процеси. Обуките ги спроведуваат професори од Машинскиот факултет – Скопје, а истите се поддржани од Активноста на УСАИД Партнерства за економски раст која инвестира во зголемување на продуктивноста и конкурентноста на приватниот сектoр, како и неговата интеграција на регионалните пазари за да го зголеми економскиот раст и развој на земјата.  

Учесниците во рамки на 4 тренинг сесии ќе се стекнат со теоретско и практично знаење во високо опремена лабораторија наменета за проширување на знаењата во областите на „Lean“ и „Индустрија 4.0“, по што ќе имаат можност да го спроведат стекнатото знаење. Учесниците ќе бидат запознати со над 50 алатки, а многу од нив ќе ги применат за време на обуката. Секој претставник ќе добие сертификат, а под менторство на обучувачите, ќе изработи и спроведе проект за да ги подобри производствените процеси во својата компанија.   

- Advertisement -

При посетата на лабораторијата, ВД. Директорот на Канцеларијата на УСАИД за економски развој, Кристофер Доџ, им посака успешен почеток на обуките на присутните, истакнувајќи ја важноста за постојан развој на приватниот сектор и работната сила за да ги надмине глобалните предизвици и остане конкурентен на пазарот. Тој ја поздрави соработката меѓу академскиот и приватниот сектор од која произлегуваат вакви иницијативи. „Кога ќе се сретне визијата на академскиот сектор и мотивот на приватниот сектор, расте иновативноста, водејќи го општеството кон иднината.“ На крајот, г.Доџ потенцираше дека УСАИД е нивен партнер на патот кон растот и развојот. „Посветено соработуваме со приватниот и академскиот сектор, инвестирајќи во заеднички решенија кои ќе поттикнат нови знаења вештини, иновации и зголемена продуктивност кај компаниите. Имаме заедничка цел – да изградиме поотпорна и одржлива економија.“ 

Во својот говор пред присутните вонр. проф. д-р Бојан Јованоски изјави дека направената лабораторија, кофинансирана од EIT-Manufacturing претставува успешна приказна во регионот и полека станува централен хаб за дигитална трансформација на претпријатијата, првенствено производствените. „Во тек се спроведуваат повеќе проекти, национални и интернационални – сите во насока на стекнување нови вештини за македонските работници и менаџери што се потребни во современото производство.“ 

Сподели!
- Advertisement -