Непал го забрани TikTok затоа што „лошо делува на нивната општествена хармонија“

- Advertisement -

Се повеќе зборуваме за земји кои го забрануваат TikTok, а најголем дел од забраните се поврзани за безбедноста, односно наводната пворзаност на социјалната мрежа со кинеската владејачка партија. Една од земјите кои најавија таква забрана е и Непал, но причината за оваа забрана нема никаква врска со Кина и нејзината политика.

Имено, Непал го забрани TikTok затоа што социјалната мрежа „има негативно влијание на нивната општествена хармонија“. Министерката за комуникациски и информациски технологии на Непал, Река Шарма, вели дека оваа одлука за забрана е донесена затоа што на TikTok постојано се објавуваат содржини кои ја нарушуваат општествената хармонија и семејната структура. Исто така, заклучено е дека на TikTok постои тенденција за ширење на говор на омраза.

- Advertisement -

Одлуката за забрана е донесена неколку дена откако во Непал стапи на сила директивата со која сите социјално-мрежни платформи кои се користат во земјата мора да имаат сопствени канцеларии во Непал, а моментално се работи на техничките предизвици за стапување на сила на забраната.

Како што објаснија од владата, причината за оваа директива е фактот дека популарните компании немаат свои претставниви во земјата и тоа го отежнува решавањето на проблемите.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Unsplash)

Сподели!
- Advertisement -