Цената на електричните автомобили за многумина е сè уште превисока, а чекаат и подостапни модели.
Фолксваген на почетокот на годината ги објави плановите за својот најевтин електричен автомобил досега, моделот ID.2all, чија цена би требало да биде околу 25 илјади евра, а досегот до 450 километри, со полнење од 20 до 80% од капацитетот на батеријата за околу дваесет минути.
Ваков автомобил, сепак, не треба да се очекува на пазарот пред 2025 година, а тогаш конкуренцијата би можела да биде доста силна на пазарот на подостапни електрични автомобили.
Моделот ID.2, како што кажува неговото име, не е планиран како почетен и најевтин електричен автомобил на Volkswagen, а германската компанија размислува и за моделот ID.1. Тоа треба да биде најмалиот и најприфатливиот електричен автомобил VW кој конечно би можел да привлече широки маси, а освен цената за да успее ќе треба да има и респектабилна батерија и досег.
Volkswagen се уште нема донесено одлука за почеток на производство на ваков автомобил