Американски научници создадоа вештачка интелигенција која предвидува кој ќе преживее од рак

- Advertisement -

Истражувачи од UCLA Health Jonsson Comprehensive Cancer Center при Универзитетот Калифорнија развија вештачка интелигенција базирана на епигенетските механизми, која може успешно да предвиди каков ќе биде исходот на преживување од сите видови на рак.

Тие открија дека со испитување на шемите на генетска експресија на епигенетските механизми, кои одредуваат како гените се вклучуваат или исклучуваат во туморите, може да се категоризираат различни групи за да се предвидат исходите кај пацентите болни од различни видови рак и тоа шподобро од традиционалните мерки.

- Advertisement -

Овие резултати, кои се опишани во списанието Communications Biology, исто така ја поставуваат основата за развој на таргетирани терапии фокусирани на регулација на епигенетските механизми кај терапиите за рак.

Традиционално, на ракот се гледа првенствено како на резултат на генетски мутации во онкогенот или супресорот на тумори. Меѓутоа, појавата на напредни технологии за секвенционирање на идните генерации придонесе повеќе луѓе да сфатат дека состојбата на кроматинот и нивото на епигенетски механизми кои ја одржуваат таа состојба се битни за ракот и за напредувањето на ракот. Постојат различни аспекти на состојбата на кроматин, како тоа дали протеините хистони се модифицирани или содржат база на нуклеинска киселина ДНК, кои може да влијаат на исходите на ракот. Разбирањето на овие разлики меѓу туморите може да ни помогне да дознаеме повеќе за тоа зошто некои пациенти реагираат поинаку на третманите и зошто добиваме различни резултати“ вели Хилари Колер, коавтор на студијата.

- Advertisement -

За да видат дали постои врска меѓу епигенетските механизми и клиничките резултати, истражувачите анализирале 720 епигенетски механизми за да ги класифицираат туморите од 24 различни видови рак во различни групи. Од 24 видови на рак кај возрасни поединци тимот открил дека за 10 видови рак кластерите поврзани со значајни разлики во резултатите кај пациентите, вклучувајќи преживување без прогресија на болеста, преживување специфично за болеста и вкупно преживување.

Тоа е посебно значајно кај адренокортикалниот карцином, карциномот на светлите клетки на бубрезите, гиломите на мозокот, хепатоцелуларниот карцинот на црниот дроб и аденокарциномот на белите дробови, каде што разликите биле значајни за сите мерења на преживување.

- Advertisement -

Тимот потоа ги употребил резултатите за обучување на вештачка интелигенција за предвидување на исходите кај пациентите. Оваа вештачка интелигенција е посебно дизајнирана за предвидување што би можело да се случи кај пет типови на рак кои имале значителни разлики во мерењата на преживувањето.

Научниците откриле дека вештачката интелигенција може успешно да ги подели пациентите со овие пет видови рак во две групи – една со големи шанси за преживување и друга со поголеми шанси за лош исход.

(Vidi.hr)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -