После последно тест лансирање на ракетата Ѕtarship на SpaceX, од компанијата велат дека во иднина можеме да очекуваме се почесто тестирање, а секој тест лет ќе има за цел финализација на ракетата со која луѓето треба да летаат не само до Месечината, туку и до Марс. Откако меѓу двата лест летвои поминаа седум месеци, се очекува дека таа временска разлика во иднина ќе биде се пократка.
При последниот лет, за разлика од првото тестирање, и двата дела на ракетата се одвоија во воздух, а битно е да се потенцира дека и новата лансирна рампа ја издржи силата на 33 мотори Raptor, кои успеаја да ја подигнат во воздух оваа тешка ракета. Основачот а компанијата вели дека после лансирањето не е потребна обнова на воденото ладење на челичните плочи за идниот тест лет и им честита на инженерите во компанијаѕа кои за кратко време изградија толку издржлив систем.
И двата дела на ракетата беа уништени после успешното одвојување. За третиот лет, се разбира, ќе биде потребно одобрение од регулаторните тела, а SpaceX веќе подготвува два Super Heavy бустери и три горни делови од ракетата и моментално се во тек прелиминарните тестирања.
Starship е битен не само за SpaceX, туку и за НАСА, со која Маск потпиша договор во рамките на програмата Artemis и е задолжена за враќање на астронаутите на Месечината по прв пат после половина век.
Враќањето првично е планирано за 2024 година, па беше одложено за една година подоцна, а не треба да не изненади ако има уште едно одложување. Долгорочниот план на Маск е да изгради флота од стотина ракети Starship со кои луѓето ќе летаат до Марс, каде што ќе основаат колонија.
(The Independent)
(фото: Flickr)