Еден холандски град ја доби престижната титула „Европски град на годината“. Во него можете да видите канали, да возите велосипед и да посетите музеј преполн со слики на Ван Гог. Но, не станува збор за Амстердам, туку за историскиот град Амерсфорт.
Во стариот градски центар на Амерсфорт, кој се наоѓа западно од Амстердам, има згради кои датираат од средниот век. Улицата Мурхуизен, која е речиси кружна улица, е една од најубавите во целиот град. Туристите ужуваат во прошетката по неа и ги посетуваат продавниците и рестораните.
Како и холандската престолнина, и Амерсфорт има систем од канали, заедно со мостови и капии, кои може да се истражуваат со бротче. Градот е дом и на втората најголема колекција на слики на Ван Гог во светот. Исто така, родно место е на неопластицистичкиот уметник Пиета Мондриана, а посетителите можат да го посетат и Мондрианхуис, кој бил дом на сликарот кога бил дете.
Ако обожавате видиковци, градот има и такви. Кулата Лиеве Вроуве е се што останало од оригиналната црква, која била дигната во воздух. Висока е само 100 метри, но ако се искачите на неа, ќе го видите најневеројатниот поглед на градот.
Титулата „Европски град на годината“ Амерсфорт ја доби од Академијата за урбанизам во Лондон, која го посетила градот за да ја процени неговата одржливост, урбанистичкото планирање и управување.
Амерсфорт го пофалија и за квалитетот на животот, затоа што таму жителите можат буквално да уживаат, како и за зачувувањето на карактерот и наследството на градот.
„Амерсфорт се фокусира на добросостојбата и среќата на сите свои граѓани – од одлуките да се ограничи употребата на автомобили до нидењето разновидни и квалитетни домови по пристапна цена“ е коментарот на жирито.
Освен Амерсфорт, во потесен избор за титулата беа и Естепон во Шпанија и Екетер во Англија.
(Bizlife)
(фото: Wikimedia, Flickr)