Сега можете на ChatGPT да му испраќате гласовни прашања и да разговарате со него, без да треба да платите. Оваа вест се изгуби некаде меѓу хаосот кој настана која компанијата која го создаде овој четбот, OpenAI, му даде отказ на извршниот директор, а потоа го врати на работа.
Имено, ChatGPT со гласовни пораки сега е достапен за сите бесплатни корисници. Апликацијата можете да ја преземте на телефон и да ја допрете иконата со слушалка за да почнете разговор, објави OpenAI на својот профил на X.
Компанијата уште во септември воведе гласовен чет во апликацијата за Android и iOS телефоните, но таа опција досега беше ограничена само за претплатниците на Plus и Enterprise моделите, а сега е овозможена за сите корисници без плаќање.
Оттаму велат дека гласовниот чет е овозможен со модел за претворање на говорот во текст и обратно, кој може да генерира звук сличен на човечкиот за само неколку секунди откако ќе го прими текстот. OpenAI соработувал со гласовни актери за да направи пет различни гласови од кои може да избирате.
(Vidi.hr)