Авиокомпанијата „Виз Ер“ најави дека од април 2024 година ќе започне нова авионска линија од Скопје до Салцбург, а цената во еден правец ќе почнува од 1.239 денари, односно 20 евра.
Од „Виз Ер“ соопштија дека новата линија кон австрискиот град ќе сообраќа три пати неделно, во понеделник, среда и петок, а билетите веќе се достапни на сајтот на компанијата.
„Со задоволство воведуваме нова рута до Салцбург од Скопје. Северна Македонија има значајно место во огромната мрежа на „Виз Ер“ и ние сме горди што сме лидер на пазарот во земјата. „Виз Ер“ останува посветен да им нуди на своите патници извонредни рути и можности за патување со ниски цени за да ги истражуваат атрактивните дестинации во Европа и пошироко”, изјави Тамара Никифорова, менаџерка за корпоративни комуникации во „Виз Ер“.
Од авиокомпанијата ги охрабруваат патниците своите билети да ги резервираат порано за да ги искористат предностите на ниските цени.
Фото – Wikimedia Commons