Компјутерски вид стигнува во Формула 1

- Advertisement -

FIA razvija umjetnu inteligenciju za prepoznavanje bolida i poboljšanje kontrole ograničenja staze.

Возачите на болиди на Формула 1 пред секоја трка добро ја проучуваат секоја патека и знаат точно како да го заштедат секој дел од секундата при совладувањето на кривините. Меѓутоа, некогаш може намерно или случајно да излезат од дозволените делови од патеките и да стекнат илегално предност, што е тешко да се следи затоа што може да се работи за неколку сантиметри.

- Advertisement -

Токму поради тоа Меѓународната автомобилска федерација (FIA) се подготвува да тестира вештачка интелигенција, кој ќе прави анализа на обликот, во која ќе се следи линијата што го означува работ на патеката, софтверот ќе го пресметува бројот на пиксели зад таа линија, односно ќе открива дали болидот излегол надвор од дозволениот дел од патеката,нелегално пресекол некоја кривина. Тоа сето ќе го прави со голем прецизност благодарение на компјутерскиот вид.

Од FIA нагласуваат дека вештачката интелигенција нема самостојно да носи одлуки за прекршоците, барем не на почетокот, туку ќе служи како дополнителна проверка.

- Advertisement -

Системот со вештачка интелигенција за компјутерски вид ќе се тестира викендов на големата награда Абу Даби (24.-26.11.2023.), а ако FIA биде задоволна, идната сезона може да стане официјална алатка за надзор на трките во Формула 1.

(Vidi.hr)

- Advertisement -

(фото: Public Domain Pictures)

Сподели!
- Advertisement -