ВИДЕО: Нос со вештачка интелигенција може да спречи труење со храна

- Advertisement -

Истражувачи и инженери во меѓународната корпорација NTT DATA Business Solutions, со седиште во Германија, развиваат нос со вештачка интелигеција,односно сензорски уред со сензори за мирис и вештачка интелигенција, која се обучува да перципира мириси, да ги проценува и да ги користи резултатите за различни примени.

Меѓу другото, таквиот нос во иднина би можел да препознава знаци дека храната е расипана,колку е свежа и ќе им биде од корист на трговците во супермаркетите за да знаатшто прво да продадат кога станува збор за производи кои не доаѓаат со обележан рок на траење.

- Advertisement -

Покрај тоа, од NTT тврдат дека различни бизниси би имале користи од таквиот нос, чии можности се многу поголеми од сензорите на гас. Класичен пример може да биде да се реши проблемот со се соочуваме сите: дали јавните тоалети треба да се чистат во редовен циклус или по потреба?

Друга примена може да биде кај производителите на храна, кои можеби ќе сакаат да го „намирисаат“ вистинскиот датум на истекувањена храната наместо обележаниот за добрата храна да не биде фрлена поради некакви безбедносни прописи.

- Advertisement -

За да ја обучат весштачката интелигенција истражувачите на NTT сензорите за мирис ги вградиле во 3Д печатен модел на носот и пред него ставаче примероци од кафе и ги означувале. Постоеле три потенцијални одговори: добро кафе во прав, лошо кафе во прав и не е кафе во прав.

Од NTT верваат дека нивниот нос ќе може да се користи во управување со залихи и спречување на расипување на храната. Ќе може да ја детектира зрелоста на овојето и зелечнукот и да го предупреди персоналот на маркетите кога истекува рокот на производите.

- Advertisement -

Исто така, ќе може да се користи за откривање и неутрализирање непријатни мириси во продавниците, а ќе може да креира и прилагодени мириси кои ќе го подобруваат искуството на купувачите и ќе создаваат пријатна атмосфера.

(Vidi.hr)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -