Од следната година нова цена на струјата наместо во јуни ќе се носи во ноември

- Advertisement -

Од следната година до крајот на ноември ќе се носи одлука за нова цена на струја, а пресметките енергетските компании ќе го достават до крајот на септември.

Повеќе нема да има корекција во цената во јуни како што се правеше до сега, кога компаниите барањата ги доставуваа најдоцна до крајот на мај. Ова се предвидува со новите правила, кој ги соопштија од Регуласторната комисија за енергетика. Новата цена на електричната енергија која ќе важи од јануари, наскоро треба да биде соопштена. 

- Advertisement -

Дел од компаниите доставиле веќе и пресметки до РКЕ. Она што  веќе и познато со новите измени во Законот за енергетика, ЕВН ХОУМ ќе ја пресметува и соопштува  новата цената, но откако претходно ќе добие амин од Регулаторна. За 5 дена дел од  домаќинствата ќе добијат и дневна евтина тарифа. Но, оваа поволност првично ќе може да ја користат околу 170 илјади домаќинства кои имаат дигитални броила и кој ЕВН може да ги прилагоди системски.

Останатите над 600 илјади домаќинства ќе  ја добија нешто подоцна, затоа што се со броила кои рачно од први декември ќе мора да се сетираат од страна на екипи на ЕВН.

- Advertisement -

Евтина дневна струја домаќинствата ќе имаат од 13 до 15 часот.  Оваа поволност беше претходно укината како последица на енергетската криза.

Извор: telma.com.mk

Сподели!
- Advertisement -