Воените власти на Мали склучија договор со Русија за изградба на рафинерија на злато во Бамако, главниот град на оваа држава. Необврзниот Меморандум аза разбирање вклучува изградба на рафинерија за злато со капацитет за обработка на 200 тони злато годишно, сооштија властите на Мали.
Во соопштението не се наведуваат детали за роковите за почеток и завршување на изградбата на рафинеријата, која според најавите, треба да биде најголема од тој тип во Западна Африка.
Властите велат дека ова ќе им овозможи не само да го контролираат целото производство на злато, туку и да можат правилно да ги применуваат сите даноци и давачки.
Индустриското производство на злато во Мали лани изнесувало 66,2 тони. Мали, инаку, е еден од најголемите производители на злато во Африка и лани вкупно произвеле 72,2 тони злато, од кои 66,2 тони од индустриско производство и е зголемување од 8,4%.
Златото сочинува околу 1/4 од фискалните ресурси на Мали, поради што земјата е една од водечките во производство на злато на Црниот континент. Најголем дел од златото се извезува во Јужноафриканската Република, Швајцарија и во Австралија.
Мали во август годинава воведе нов кодекс за рударството, кој на државата и овозможува да преземе до 30% удел во новите минерални проекти и за собере повеќе приходи од виталните индустрии.
(Politika)
(фото: Pixabay)