Chat GPT го прослави својот прв роденден

- Advertisement -


ChatGPT беше стартуван на 30 ноември 2022 година и го означи почетокот на периодот кој многумина го опишуваат како револуционерна доба на вештачката интелигенција. Само неколку дена после лансирањето ChatGPT доживеа исклучителна популарност и стана вирален.

Видеа од екранот на кој е прикажан четботот и разговори со него станаа вирални на социјалните мрежи, а користењето на ChatGPT нагло порасна до мера која го изненади и креаторот на четботот – OpenAI.

- Advertisement -

До јануари годинава ChatGPT имаше 13 милиони посетители секој ден и го постави рекордот за најбрзо растечка корисничка база на апликација, пишува Science Alert.

Генеративните системи со вештачка интелигенција како ChatGPT станаа сеприсутни. Од појавата на ChatGPT вештачката интелигенција се најде во сите презентации, разговори и написи по медиуми. Денес од OpenAI тврдат дека 100 милиони луѓе ширум светот го користат ChatGPT секоја недела.

- Advertisement -

(N1)

- Advertisement -

(фото: ChatGPT)

Сподели!
- Advertisement -