Virgin Atlantic направи историски лет меѓу Лондон и Њујорк користејќи одржливо гориво

- Advertisement -

Компанијата Virgin Atlantic направи голем чекор напред во настојувањето на авиоиндустријата да ја намали глобалната емисија на штетни гасови и да ги оствари соите нето-нулта цели така што реализираше трансатлантски лет користејќи 100% одржливо авионксо гориво.

Овој лет е историска пресвртница затоа што стана првиот трансатлантски лет кој го направила комерцијална авиокомпанија користејќи одржливо авионско гориво. Virgin за овој потфат го избра Boeing 787, опремен со мотори на Rolls-Royce Trent 1000.

- Advertisement -

Според Virgin, летот Flight100 направен меѓу лондонскиот аеродром Хитроу и њујоршкиот Џон Кенеди на 28 ноември покажа дека ваквото гориво е безбедно да се користи како замена за горивото добиено од фосилни горива, како и ека е единственото одржливо среднорочно решение за декарбонизација на авијацијата на големи растојанија.

Аналитичарите веруваат дека ова гориво ќе има клучна улога во намалувањето на емисијата на јаглерод диоксид при долгите авионски летови и дека ќе даде придонес во остварувањето на нето нула емисија до 2050 година. со користење на 100% одржливо авионско гориво операторите со авиони ќе имаат прилика значително да го намалат своето загадување со јаглерод диоксид затоа што ова гориво се добива од одржливи извори, за разлика од керозинот. Ова гориво се произведува од растителни маска, искористено масло за јадење, комунален отпад и слично.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -