Верификуван ИКТ производ

- Advertisement -

Комората за информатичко-комуникациска технологија и услуги при Сојузот на стопански комори на Македонија додели сертификати за ВЕРИФИКУВАН МАКЕДОНСКИ ИКТ ПРОИЗВОД на 15 македонски ИКТ компании, за да се поттикнат да развиваат сопствени производи и услуги со високо додадена вредност и да придонесат кон дигиталната трансформација на процесите не само на приватниот сектор, туку и во државните институции. Меѓу нив е и КАБТЕЛ, со своето решение “Имплементација на РФИД технологијата во производствени процеси и нејзина интеграција во постоечки ЕРП системи”.

Бенефити од имплементација на РФИД технологијата во производствени процеси и нејзина интеграција во постоечки ЕРП системи

- Advertisement -

Ефикасност на производството

Индустрија постојано се обидува да ги автоматизира и подобри своите производствени и логистички процеси. Тоа вклучува координирана соработка со добавувачите и давателите на услуги врз основа на хармонизирани и сигурни стандарди.

- Advertisement -

За производителите  и добавувачите на компоненти, RFID и дигиталните технологии за идентификација станаа клучен овозможувач за решенијата „Индустрија 4.0“ што резултираат со драматично зголемување на ефикасноста, намалени трошоции и намален каррбонски отпечаток.

Подобрување на следливоста и квалитетот:

- Advertisement -

Нудејќи широк спектар на бенефиции за  индустрија, од следење на квалитетот до производство на ниво на артикли, КАБТЕЛ овозможува целосна контрола на квалитетот и подобрена следливост во текот на производниот процес и дистрибуцијата. Воедно, преку соодветен апликативен софтвер развиен во рамките на нашата компанија и поврзување со постоечките ЕРП системи.

Технологиите за дигитална идентификација не запираат кога условите во производниот процес стануваат предизвикувачки:

  • RFID технологиите се дизајнирани да одговараат на специфичните барања на индустријата.
  • RFID технологијата ја користиме за апликации за следливост, како што е следење на потеклото на производот, неговата локација, неговото патување низ синџирот на снабдување.
  • Сите податоци се задржани во микрочипот RFID. Затоа RFID технологијата е најдоброто решение за идентификација и следливост на производите.
  • RFID тагот го поврзуваме со уникатен производ и го следиме во текот на целиот циклус, од производство до складирање, транспорт и достава…

Тоа е всушност паметна етикета која ги заменува традиционалните документи. За разлика од етикетата со бар код, овозможува складирање на информации во текот на целиот животен век на производот и гарантирање на процесот на производство.

Со RFID технологијата исто така  овозможуваме моментално лоцирање на  производот во производниот процес и информација за  неговиот статус во таа производна линија.

Така, потребата е да се следи контејнерот (и неговата содржина) и внатре во логистичките магацини на компанијата и кога се воведува во синџирот на снабдување. Информациите сместени во ознаката RFID (како производствен дел, вид на материјал, последна дестинација…) овозможува автоматски да се избере локацијата во магацинот, како и да креираат транспортни документи, да се провери содржината и исто така да се реализира брз попис на сѐ она достапно во магацинот.

RFID за автоматизирано следење

  • Брзо читање, екстремно ниски стапки на грешки за паметно производство
  • Складирање на значителни количини на податоци – информации за инсталација, производствeни датуми или единствени сериски броеви и сл.
  • Читливи во картонска кутија, на палета или во задниот дел на камион
  • Дигитално поврзување и споделување на инофрмации низ системите за производство, испорака, логистика, контрола…

Предности на РФИД со апликацијата за следење

  • Интероперабилност со вашиот софтвер за синџирот на снабдување (Слично на баркодовите, но RFID не бара модификации во ERP системите).
  • Читање податоци од далечина без отворање палета или кутии
  • Читање без грешка на микрочипот (за разлика од бар-код кој може да биде нечитлив поради оштетување на етикетата или слаб квалитет на печатење)
  • Добивање на време преку истовремено читање на неколку RFID ознаки.
  • Читање, пишување, а можно е и препишување на микрочипот, повторна употреба

Бенефити

  • Подобрено следење на залихите на производите и залихите кај добавувачите и погоните
  • Поголема следливост во реално време, за навремени набавки, алтернативно снабдување, забрзана испорака и промени во распоредот на производство
  • Минимизирање на нарушувањата, намален отпад и емисиите
  • Максимизирање на автоматизирана идентификација на делови и залихи како и на поврзаноста на податоците низ синџирот на снабдување.

За да побарате понуда или консултации со нашите инженери за РФИД интеграција, контактирајте нѐ

Сподели!
- Advertisement -