Кина гради подводен дата центар моќен колку 6 милиони компјутери

- Advertisement -

Големите количини податоци кои се создаваат секој ден мора да се складираат некаде, а Кина сега работи на реализација на идејата за поставување на дата центри под вода.

Дата центрите се еден вид на компјутерска меморија и таму се крие секоја информација. Додека поставувањето на таквите центри под вода не е лесна задача, има два клучни бенефити.

- Advertisement -

Прво, се ослободува земјиште за други намени. Планот е да се постават 100 блокови од дата центрите на 35 метри под вода до 2025 година, кои ќе зафаќаат 68,000 квадратни метри. Тоа е отприлика околу 13 фудбалски игралишта.

Второ, што е уште поважно, морската вода е природен разладувач и ќе ги одржува температурите на дата центрите пониски. Се проценува дека околу 122 милиони киловат-часови струја годишно ќе се заштеди до овие дата центри. Тоа е отприлика енергија колку што трошат 160,000 кинески домаќинства.

- Advertisement -

Но,и покрај тие бенефити, не е лесно да се сместат под вода дата центри кои тежат по 1.300 тони. Тие мора да се изградат да го издржуваат притисокот на водата и не е уште јасно како оваа електроника ќе влијае на морските екосистеми.

(Science Alert)

Сподели!
- Advertisement -