Енергетските компании бараат цената на струјата да поскапи за 27 отсто од 1 јануари

- Advertisement -

Доколку се прифатат барањата од енергетските компании, цената на електричната енергија од 1 јануари ќе се зголеми за 27%, но дали и колку ќе има зголемување ќе покажат деталните анализи, изјави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) Марко Бислимоски.

Од РКЕ посочија дека ги добиле барањата за определување на нови тарифи на АД МЕПСО Скопје, Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје и МЕМО ДООЕЛ Скопје, додавајќи дека станува збор за три од пет елементи што ја сочинуваат крајната цена и врз кој РКЕ има надлежност да ги утврдува.

- Advertisement -

„Сега влегуваме во процес во кој што детално ќе се скенираат сите трошоците на овие три компании и Ве уверувам дека ќе бидат прифатени и одобрени само оние ставки што ќе овозможи стабилна и сигурна испорака на електрична енергија исклучиво по принцип на домаќинско работење“, изјави Бислимоски.

Откако РКЕ ќе ги соопшти тарифите за МЕМО, МЕПСО и Електродистрибуција, под целосен надзор на РКЕ согласно законските обврски и претходно утврдената методологија, во наредниот период ЕВН Хоме ќе ја пресмета и соопшти крајна цената на електрична енергија по однапред утврдени влезни параметри, велат од РКE.

Целиот текст на Радио МОФ

Сподели!
- Advertisement -