Ова ќе биде година на нови рекорди за SpaceX – лани лансирале по една ракета на 4 дена

- Advertisement -


Како што се најавуваше, но и се очекуваше, SpaceX минатата година го собори рекордот по бројот на успешни лансирања на ракети. Додека во 2022 година компанијата изведе за тоа време рекорден број на успешни лансирања, 61, за 2023 година се зборуваше дека таа бројка може да биде и троцифрена. Иако таа историска бројка од 100 лансирања не беше остварена, сепак, SpaceX може да се пофали сп нов рекорд.

Во текот на минатата година SpaceX лансирал просечно една ракета на секои 4 дена, а последните лансирања беа минатиот четврток. SpaceX прво со ракетата Falcon Heavy од Флорида во орбитата го лансираше американскиот воен вселенски авион X-37B, а потоа истиот ден ја лансираше Falcon 9 со 23 сателити Starlink. Со тие две лансирања бројот на успешни лансирања на ракети на SpaceX минатата година достигна 96. Компанијата лансираше уште две ракети, но со цел тестирање и ниту еден Starship не се врати успешно на Земјата.

- Advertisement -

Целта на Илон Маск за 100 успешни лансирања не беше реализирана, иако SpaceX дојде многу блиску до тоа и да немаше некои неповолни временски услови и одредени технички тешкотии, можеби компанијата на Маск изминатава година можебиќе оствареше такво достигнување. Можеме да претпоставиме и да очекуваме дека тој рекорд ќе се собори годинава затоа што SpaceX ќе продолжи да лансира свои, но и други сателити, а се надеваме и на нови, овојпат успешни, лансирања на Starship. Според претходните најави од компанијата, планирано е лансирање на 144 ракети во текот на 2024 година.

(Tech Spot)

- Advertisement -

(фото: SpaceX)

Сподели!
- Advertisement -