Tesla објави рекордни бројки за последниот квартал од минатата година, но и за цела година, со кои Илон Маск може да биде презадоволен. Имено, во текот на последниот квартал од минатата година биле испорачани нешто помалку од 485.000 автомобили, а биле произведени речиси 495.000. Што се однесува на целата година, испорачани биле 1,808 милиони автомобили, додека биле произведени 1,845 милиони.
Овие бројки претставуваат голем пораст во однос на годината претходно – 38% пораст во испораката (1,31 милиони) и 35% во производството (1,37 милиони). Tesla забележа голем раст во испораката во 2022 година, кога беа испорачани дури 40% повеќе возила отколку во 2021 година, а може да се очекува дека тој тренд на пораст во побарувачката ќе продолжи и понатаму.
Иако од Teslа претходно за минатотогодишниот последен квартал предвидоа испорака од дури 2 милиони автомобили, со тек на време тие оечкувања се намалија на 1,8 милиони. Аналитичарите предвидоа број на испораки од 477.000 возила на Teslа, така што по тоа прашање компанијата на Маск секако ги надмина очекувањата.
Што се однесува на одделните модели, од Teslа објавија дека произвеле малку повеќе од 476.000 модели 3 и Y. Интересно е тоа што Маск не објави информации за поединечни подели, односно конкретни бројки за производството и испораката, посебно на моделите Y и 3. Маск во октомври минатата година изјави дека Model Y ќе стане напродаваниот автомобил во светот и по бројот на продадени примероци и по заработката од продажбата.
Кон крајот на минатата година Tesla конечно почна со продажба на толку очекуваниот SUV, Cybertruck. Тоа контроверзно возило во преднарачка го купија дури околу 2 милиони луѓе, но неговото производство на почеток ќе биде мало, така што не се очекува дека неговата продажба значително ќе влијае на вкупната продажба на автомобили на Teslа.
Tesla своите бројки за продажбата ги објави само еден ден откако со продадените автомобили се пофалија од кинеската компанија BYD.
(CNBC)
(фото: Flickr)