ануари e месецот за нови почетоци и нови идеи. Време во годината кога се донесуваат нови резолуции и се поставуваат нови цели. Поради тоа, создадовме листа од филмови (и серии) со неверојатно добар storytelling кои можат да ви бидат инспирацијата за реализирање на тоа што сте сакале да го направите, да ви дадат нов поглед кон работите кои ги знаете и да ви дадат нови идеи кои ќе ги реализирате во 2024.
Кој од овие 7 инспиративни филмови поврзани со е-трговија, технологија и претприемништво ќе биде прв на watch list овој викенд?
1. The Intern
На пензионираниот 70-годишен вдовец, Бен (Robert De Niro), пензионерскиот живот му станува здодевен. Тој се пријавува за да биде постар практикант во онлајн продавница за мода и ја добива позицијата. Основач на компанијата е Џулс Остин (Anne Hathaway), неуморна, динамична работохоличарка со големи барања. Бен станува нејзин практикант, но ова е номинална улога – таа нема намера да му дава работа. Сепак, Бен се покажува како доста корисен, но и повеќе од тоа – тој станува извор на поддршка и мудрост.
2. The Social Network
Студентот на Харвард, Марк Цукерберг (Jesse Elsenberg) ја создава денес најпознатата страница за социјално вмрежување, Facebook, со помош на неговиот пријател Едуардо (Adrew Garfield). Иако се испостави дека е успешен потфат, тој ги прекинува односите со Едуардо, но и со некои од неговите најблиски соработници.
3. Steve Jobs
Стив Џобс (Michael Fassbender), познат бизнисмен, се соочува со проблеми во личниот и професионалниот живот додека се обидува да лансира три производи на пазарот. Приказната води зад сцената на дигиталната револуција, завршувајќи во 1998 година со откривањето на iMac.
4. Joy
По нејзиниот развод, Џој Мангано (Jennifer Lawrence) се соочува со бројни предизвици бидејќи има за цел да создаде успешна деловна империја. Сепак, таа успева да ги надмине сите предизвици и да го исполни својот сон.
5. The Founder
Реј (Michael Keaton), продавач, ги запознава сопствениците на McDonald’s, burger-store во Јужна Калифорнија. Тој го сфаќа потенцијалот на местото и одлучува да го направи најголемиот ресторански бизнис во светот.
6. The Startup Kids
Поглед на растечкиот број на млади web dynamos, како што се основачите на Vimeo, Soundcloud, Kiip, InDinero, Dropbox и Foodspotting во САД и Европа.
Извор – ecommerce.mk