Според Red Electrica Espanola (REE), производството на електрична енергија од обновливи извори достигна речиси 135.000 гигават часови минатата година, или 50,4 отсто од вкупното производство на електрична енергија во земјата, што е за осум процентни поени повеќе од претходната година, пренесе француската новинска агенција АФП. Ова е првпат државата да го надмине учеството од 50 отсто во производството на електрична енергија од обновливи извори на енергија, пишуваат во соопштението, a пренесува Seebiz.
Втора година по ред водечки извор на електрична енергија во градот беше енергијата на ветерот, со чија помош произвеле 63 илјади гигават часови електрична енергија. Од друга страна, соларните централи произвеле 37.000 гигават часови.
Од аспект на вкупниот биланс на ресурси за производство на електрична енергија во земјава, 23,3 отсто од електричната енергија е произведена со помош на ветер, а 14 отсто со помош на сончева енергија. Лани нуклеарната енергија учествувала со 20,3 отсто. Лани уделот на електричната енергија произведена со помош на гас падна за седум процентни поени на 17,2 отсто, а најмалку електрична енергија е произведена со помош на хидроенергијата, поточно 9,5 отсто.
Фото – Commons.wikimedia