Безжични слушалки кои никогаш не мора да се полнат

- Advertisement -

Американската компанија 3M на саемот за потрошувачка електроника CES 2024 ќе ги претстави првите комуникациски слушалки во светот кои се полнат самите и еколошки ја претвораат надворешната и внатерепната светлина во електрична енергија.

Слушалките користат патентирана технологија на соларни ќелии наречена Powerfoyle, која ја полни вградената литиум-јонска батерија и ја елиминира потребата за еднократна употреба.

- Advertisement -

Оваа технологија носи вистинска промена, велат од 3M. Компанијата неуморно се фокусира на изуми за иднината, а напредниот инеженринг и науката за материјали кои се искористени за овие слушалки резултирале со совршена мешавина од перформанси, дизајн, заштита и одржливост.

Со над 70 години искуство во производство на комуникациска опрема, нашиот бренд 3M PELTOR настојува да понуди низа решенија за производи кои постојано се развиваат за да ги задоволат потребите на купувачите.

- Advertisement -

3M имал блиска соработка со шведската технолошка компанија Exeger за да ги оптимизира соларните ќелии Powerfoyle со користење на филмската технологија на 3M.

(Zimo)

- Advertisement -

(фото: 3M)

Сподели!
- Advertisement -