Hyundai на саемот CES 2024 претстави нов концепт за летачко такси наречено S-A2. Електричниот автмобил со вертикално полетување и слетување е ажурирана платформа на S-A1, која беше претставена на CES 2020.
Hyundai верува дека S-A2 е идеално превозно средство за урбаните средини, каде што патниците можат да се превезуваат на кратки релации многу побрзо отколку да се возат со класичен автомобил или со јавен превоз, како што можете да видите и од видеото во прилог.
S-A2 е замислен да се подигне до висина од 460 метри и потоа да летасо брзина до 195 км/ч, а има максимален досег од 65 км. Има погон на осум ротори и тивки електрични мотори, кои се драстично потивки од тие во традиционалните хеликоптери, а може да се превезуваат и пилоти и четворица патници.
Компанијата на Hyundai за воздушна мобилност Supernal се надева дека ќе достигне ниво на безбедност на комерцијалното воздухопловство, да добие дозвола за користење од Сојузната управа за цивилно летање и да се најде на пазарот до 2028 година.
(Vidi.hr)
(фото: Hyundai)