Научници открија дури пет поттипови на Алцхајмерова болест

- Advertisement -

Револуционерна студија која ја направи меѓународен научен тим откри пет разлилчни биолошки варијанти на Алцхајмерова болест, од кои секоја има поинакви ефекти врз мозокот. Испитувањето на протеините на цереброспиналната течност на 606 поединци сугерира дека претходните лекови може биле погрешно препишани, пто потенцијално довело до погрешни заклучоци за нивната ефикасност во борбата со Алцхајмеровата болест .

Бети Џимс, неуронаучник од Ацхајмеровиот центар во Амстердам, и нејзиниот тим употребиле протеомика на масена спектрометрија за да ја испитаат цереброспиналната течност на 419 лица со Алцхајмерова болест и 187 луѓе од контролна група. Таа напредна метода им овозможила да идентификуваат 1.058 протеини поврзани со Алцхајмеровата болест, што довело до препознавање на петте различни поттипови на болеста. Тие поттипови се карактериираат со варијации во хиперпластичноста, имунолошката активација, дисрегулацијата на РНК, дисфункција на короидниот плексус и оштетување на крвно-мозочните бариери, а секоја покажива специфични промени во групите протеини поврзан со воспаление и рст на нервните клетки.

- Advertisement -

Со оглед на различните обрасци на молекуларните процеси и профили на генетскиот ризик од Ацхајмерова болест, веројатно е дека поттиповите на Алцхајмеровата болест ќе бараат специфични третмани, велат Тијмс и нејзините колеги.

Тијмс ја нагласува важноста на ова откритие за рана дијагноза и интервнеција, нудејќи надеж и за одложување на симптомите на Алцхајмеровата болест. Студијата, исто така, ги поврзува новооткриените биолошки поттипови со различни анатомкси обрасци на атрофија на мозокот, временска рамка за преживување на боелста и клинички исходи.

- Advertisement -

Нуспојавите кои се јавуваат при ордедени третмани исто така може да зависат од поттипот на болеста. Истражувањето за ова е објавено во спсианието Nature Aging.

(Science Alert)

- Advertisement -

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -