100.000-годишен мраз од Гренланд сега се користи за коктели во Дубаи

- Advertisement -

Со години наназад пишуваме за тоа дека глечерите полека се топат, дека исчезнува мразот од половите на Земјата и како се преземаат безброј иницијативи за да се спречи таа катастрофа, која ќе има последици од незамисливи размери, а сега се случува нешто што сосема противречи на сето тоа.

Имено, илјадници години стар мраз од Гренланд сега се користи за правење пјалаци во Дубаи, како дел од нова егзотична понуда на коктели. Сето тоа го овозможува компанија од Гренланд, која сака да го подигне искуството на потрошувачите со многу длабок џеб и притоа да воведе уште еден начин на заработка во оваа автономна данска територија.

- Advertisement -

Компанијата се вика Arctic Ice и е стартап кој постои нецели две години. Тие собираат мраз од фјордовите на Гренланд и го транспортираат во Обединетите Арапски Емирати за продажба во ексклузивни барови. Малик Расмусен, соосновач на компанијата, вели дека овој мраз е многу почист и многу побавно се топи од обичните коцки мраз.

Мразот на Arctic Ice се добива директно од природни глечери на Арктикот, кои биле во смрзната состојба над 100.000 години. Тие делови од ледените плочи никогаш не биле во допир со тлото, ниту биле загадени од загадувачите кои се производ на човечките активности. Затоа овој мраз е најчистиот мраз во светот, вели Расмусен.

- Advertisement -

Сепак, и покрај тврдењата за еколошките аспекти на неговата работа, Расмусен и Arctic Ice се соочија со многу критики и реакции на социјалните медиуми. Коментарие главно беа загриженост поради глобалното затоплување, а Расмусен дури доби и закани по живот.

Од Arctic Ice и понатаму тврдат дека вадењето мраз не и наштетува на околината и не го загадуваат мразот затоа што користат посебна метода за вадење мраз од доредени локации на фјордот Нууп Кангерлуа. Процесот вклучува користење на специјализиран чамец опремен со дигалка за подгинување на проѕирниот, чист мраз, локално познат како црн мраз.

- Advertisement -

Тој мраз потоа се превезува до Дубаи преку повеќеетапно патување. И покрај критиките за карбонскиот отпечаток кој го создава Arctic Ice во текот на превозот, омпанијата се обврзува да стане целосно карбонски неутрална.

(The Guardian)

(фото: Arctic Ice)

Сподели!
- Advertisement -