Apple стана најголем светски производител на телефони

- Advertisement -

Американскиот технолошки гиганр Apple го претекна јужнокорејски Samsung по продажбата на телефони и застана на чело на светската листа, покажаа податоците на истражувачката компанија International Data Corporation (IDC).

Уделот на Apple на светскиот пазар за мобилни телефони минатата година достигна 20% со продадени 234 милиони уреди. Samsung е на второ место со удел од 19,4%, а следуваат кинески Xiaomi, OPPO и Transsion. Јунокорејската компанија неодамна предупреди дека нејзината добивка може доста да се намали поради континуирата слаба потрошувачка на електроника во светот.

- Advertisement -

Продажбата на мобилни телефони минатата година на глобално ниво се намали за над 3%, со испорачани речиси 1,2 милијарди уреди, што е најмалку во последните 10 години, утврди IDC.

Во текот на пандемијата луѓето наголемо купуваа нови модели, а сега ги кратата трошоците поради високата инфлација и повисоките каматни стапки, објаснуваат аналитичарите на специјализирани советодавни компании и проценуваат дека пазарот ќе закрепне во текот на оваа година.

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -