Германци пронајдоа начин да се добие челик од црвена кал

- Advertisement -

Ослободувањето на потенцијалот на нуспроизводите од рафинирање на алуминиум, поточно на црвената кал може да го револуционизира производството на челик, а притоа да се има и еколошки бенефит.

Со отприлика 4 милијарди тони црвена кал, која глобално претставува опасност по околината, научниците од Институтот Макс Планк во Германија осмислија иновативна метода за користење на таа црвена кал. Со изложување на црвената кал на плазма од водород и аргон од калта извлекле железо, а потоа го искористиле за производство на челик.

- Advertisement -

Црвената кал, која содржи 30% до 60% железен оксид, е полна и со опасни елементи како што се арсен и олово. Во својот пристап германските научниви користеле електрична печка за да ја загреат црвената кал на температура од околу 1850°C, и потоа во реакција со аргон и водород дава железни топчиња. Нивното истражување е објавено во списанието Nature.

Научниците го истакнуваат потенцијалот на овој процес за извлекување железо од нуспроизводите на производството на алуминиум, проценувајќи го производниот капацитет од 748 до 942 милиони тони челик, што резултира со повеќе од милијарда тони CO2 помалку во споредба со традиционалните методи за производство на челик. И покрај тоа, тоа е само дел од глобалното производство на челик.

- Advertisement -

Овој револуционерен пристап нуди двократно решение: ублажување на влијанието на црвената кал врз околината и значително намалување на емисијата на CO2 во производството на челик. Додека глобалната индустрија за челик бара одржливи алтернативи, новата метода на германските научници ветува многу и означува чекор напред во споредба со конвенционалната пракса.

(New Scientist)

- Advertisement -

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -