Mакедонските земјоделци ќе добиваат помош од 90 обучени советници

- Advertisement -

Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, заедно со амбасадорот на Делегацијата на ЕУ во Република Северна Македонија Н.Е. Дејвид Гир, ги доделија сертификатите за 90 обучени советници кои ќе има бидат на располагање на земјоделците.

Ова е уште еден успешен проект кој Министерството за земјоделство, шумарство и водстопанство го реализира со финансиска поддршка од Европската Унија: Модернизација на Советодавните услуги за оператори од областа на земјоделството во Северна Македонија.

- Advertisement -

Креирањето на нов модерен советодавен систем е во рамките на унапредувањето на земјоделскиот сектор и дигитализацијата на министерството.

„Земјоделството не е само мерки, политики и субвенции. Земјоделството е комплексна структура која бара следење на светските трендови, добра информираност и примена на добри земјоделски практики. А за тоа е потребно да се има развиен систем на услуги кои ќе ги покријат сите прашања. И токму тоа ние го овозможивме со успешната реализација на проектот за советодавни услуги, кој беше исклучително потребен за да им помогнеме на сите оние кои одбрале земјоделскиот сектор да им биде животна професија и извор на егзистенција“ изјави министерот Николовски.

- Advertisement -

Со цел полесна и поголема достапност до сите услуги, мерки, програми, политики на министерството и сродните институции, во рамките на проектот беа обучени 90 советници од различни области, на кои денеска свечено им беа доделени сертификатите, со што советниците официјално ќе се регистрираат во Регистарот кој го води МЗШВ и кој е отворен за сите професионалци кои ги исполнуваат условите за упис.

Хронологијата на настаните од идеја до реализација, започнува во јануари 2022 година. Првиот чекор беше формирање на работна група, потоа следеа  консултативни состаноци и конкретни активности,  креираење на нацрт закон, изготвување на оперативни процедури, проектирање и реализација на обуки за советници. Донесен е нов Закон за советодавен систем, изготвени се 4 правилници кои произлегуваат од законот, имплементиран е нов Регистар на советници кој е составен дел од развиен ИТ систем. За да го доближиме системот до секој земјоделец и секој граѓанин кој сака да биде во тек со сите трендови во земјоделството, набрзо ќе лансираме и мобилна апликација која ќе биде достапна бесплатно, за сите земјоделци и сите граѓани.

- Advertisement -

Системот вклучува Електронски јавно достапен Регистар на даватели на советодавни услуги и модерен ИТ систем кој вклучува и лесно достапна мобилна апликација и кој ќе се претвори во главен извор на информации за земјоделците ИТ системот заедно со мобилната апликација ќе бидат наскоро пуштени во употреба како дел од дигитализацијата на услугите на МЗШВ, чии функции покрај рано известување на применување на одредени агротехнички мерки би имале и вмрежување за полесен пренос на знаење меѓу самите земјоделци, редовна информација за сите активни јавни повици по програмите за поддршка, достапност на електронска литература поврзана со специфично производство, интеграција со систем за рано известување кој во соработка со УХМР навремено ќе ги известува земјоделските стопанства за промени во климатски услови. Влијанието од тоа би било потенцијална заштеда на ресурси, особено водните ресурси како и навремена заштита од било каков вид непогода, регионално известување за евентуални стручни работилници или семинари поврзани со производството во организација на АПРЗ, инфо денови за ИПАРД програмата, презентации на тема рурален развој и директни плаќања, јавни огласи и повици за земјоделско земјиште, заштитени традиционални производи, географски ознаки, електронски информации за акредитирани лаборатории за апробации, фито-сертификати, програми за обуки во земјоделството и сите услуги кои ги нуди МЗШВ и сродните институции. 

„Сето ова укажува на комплексноста на овој проект. Ова е прв проект воопшто во МЗШВ досега, кој е највисоко оценет од ЕУ и кој успеал за времетраењето на проектот да биде донесен Закон и воспоставен Систем за советодавни услуги. И треба да биде пример како се реализира проект кој веднаш станува корисен, веднаш е применлив во пракса. Прокет кој ги оправдува и парите кои се инвестирани и вложениот човечки потенцијал. Проект кој е самоодржлив и кој ќе продолжи да функционира и да им служи на земјоделците уште долги години по неговото завршување“ подвлече министерот Николовски.

За да го осигураме неговото континуирано функционирање, со Законот предвидуваме и формирање на работно тело, односно Совет за мониторинг и координација на Системот, кој ќе биде составен од претставници од 21 различни институции, агенции, научни институти и високообразовни установи, како и  од стопанските комори и претставници од најголемите земјоделски здруженија кои се евидентирани како економски и социјални партнери на Министеството.

Европските држави имаат силно развиено земјоделско производство, кое им носи профит и е сигурен извор на егзистенција. А тоа е и нашата цел, за нашите земјоделци, за нашиот агросектор.

Министерот Николовски упати голема благодарност до Делегацијата на Европската Унија и до  проектниот тим за нивната интензивна и неуморна работа и им честиташе на сите советници добитници на сертификати за советодавни услуги во македонското земјоделство.

Сподели!
- Advertisement -