Новиот телефон на преклоп Magic V2 беше претставен за европскиот пазар пред 500 гости во Porsche Experience центарот, кај кој се наоѓа и фабриката на Porsche.
НONOR Magic V2, според сертификатот, има делови кои се 3Д печатени од титаниум и треба да издржат над 400.000 пати отворање и затворање. Со оглед на тоа дека доаѓа со целосен екран со целосна функционалност на предната страна од уредот, овој мобилен телефон треба да се служи долги години.
Според производителот, тоа на корисникот му нуди животен век од 10 години, под услов мобилниот телефон да се отвора 100 пати дневно. Стљнува збор за уред во кој HONOR интегрираше многу најмодерни технологии за да се пробие меѓу најголемите конкуренти на пазаерот.
Користењето 3Д печатен титаниум не е најинтересниот детаљ, затоа што станува збор за најтечнкиот телефон на преклоп во светот. Овој телефон ќе направи да се чувствувате како да користите таблет кога ќе гледате вида или ќе сурфате по социјалните мрежи. Преклопен овој телефон е дебел само 9,9 мм.
Има чипсет Snapdragon 8 Gen 2, и со него добивате 16 GB работна меморија, како и 256 GB до 1 TB меморија за складирање. Покрај тоа, има и ултратенка силикон-карбонска батерија од 5.000 mAh, а поддржува и 66 W брзо полнење.
Има и висока резолуција од 2.156 x 2.344 пиксели и дијагонала од 7,92 инчи.
HONOR го опреми Magic V2 со квалитетни камери. Трите задни камери вклучуваат 50 MP глава камера, ултраширока камера од 50 MP и телефото камера од 20 MP. Двојната предна камера има два сензори од 16 MP.
Предпродажбата на HONOR Magic V2 почна после завршниот настан во Лајпциг по цена од 1.999 евра.
(Vidi.hr)
(фото: HONOR)