Се гради најголемата фабрика за чипови во светот

- Advertisement -

Со цел да ја заостри конкуренцијата со САД и Кина на полето производство на чипови, Јужна Кореја ќе инвестира над 400 милијарди евра во сопствен развој на индустријата за полупроводници. Ќе настане производен парк кој ќе се протега на 21.000 хектари.

На југ од главниот град Сеул треба да настане комплекс од погони за производство на чипови, кој ќе биде најголем во светот. Тука главниот збор ќе го имаат навионалните компании Samsung Electronics и SK Hynix, но и државата ќе учестува со инвестиција која до 2047 година ќе порасне на околу 428 милијарди евра.

- Advertisement -

Предвидени се и даночни олеснувања кај инвестицијата, но и поддршка во зголемувањето на конкурентноста на светскиот пазар. Тука е во прашање независноста на Јужна Кореја во снабдувањето со чипови, која до 2030 година треба да порасне од 30% на 50%.

Како што најави претседателот на Јужна Кореја, Јун Сук-јеол, тој мега-погон треба да отвори вкупно околу 3,5 милиони работни места. За да се достигне целта во производството на чипови ќе треба да се прошират и капацитетите на атомските електрани за производството да има доволно електрична енергија, пренесува Deutsche Welle.

- Advertisement -

Јужна Кореја не е нова на пазарот за чипови – таа веќе доминира со 60% од светскиот пазар на мемориски чипови и NAND меморија. До 2030 година нивниот удел во производството на други, меѓу другото и процесорски чипови, треба да порасне од сегашните 3% на 10%.

Планираниот погон ќе опфати рзлични индустриски зони во провинцијата Гјеонги со вкупна површина од 21.000 хектари, односно околу 30 фудбалски игралишта. Тука веќе има 19 производни погони, а до 2047 година ќе има уште 16. Три погони и два истражувачки центри би требало да почнат со работа веќе во 2027 година. Според информациите од јужнокорејското Министерство за индустрија, Samsung и SK Hynix сакаат уште во 2030 година секој месец да произведуваат 7,1 милиони такви „колачи“ полни со чипови.

- Advertisement -

Samsung Electronics тука сака да инвестира околу 32 милијарди евра, од кои кои 23 милијарди евра за шест нови производни погони во Јонгин, на 33 километри јужно од Сеул.

Причина за ваквите амбициозни инвестиции на Јужна Кореја е ситуацијата на пазарот на чипови.

(Bankar.me)

(фото: Pixnio)

Сподели!
- Advertisement -