Израелската компанија Sightful на годинашниот саем за потрошувачка електроника CES го претстави Spacetop, првиот лаптоп со проширена реалност во светот, кој веќе е достапен по цена од 2.150 долари. Поради комбинацијата од технологија за проширена реалност и традиционалните елементи на лаптопи, станува збор за уред кој е дизајниран со цел зголемување на продуктивноста на корисниците.
За да се постигне тоа, Spacetop наместо екран на каков што сме навикнати досега, користи очила за виртуелна реалност. Од таа причина може да се рече дека станува збор за своевидна варијација на Vision Pro на Apple, со додаток на периферни уреди како што се глушец и тастатура.
Баш како и Vision Pro, Spacetop користи интерфејс со мешана реалност, кој на корисникот му овозможува истовремено да ја види својата околина и виртуелни екрани на кои се стартувани одредени програми.
(Poslovni Dnevnik)
(фото: Sightful)