Последниот производител на автомобили ја напушта Русија

- Advertisement -

Hyundai е последниот производител на автомобили кој ќе ја напушти Русија. Корејците ги продадоа своите две фабрики на руската компанија Art-Finance, а кинеските производители ги пополнија празнините кои ги оставија нивните западни конкуренти.

Hyundai потпиша договор за продажба на двете фабрики во Русија, со што стана последниот светски производител на автомобили кој го напушта рускиот пазар од почетокот на судирите во Украина.

- Advertisement -

Руската компанија Art-Finance соопшти дека на 24 јануари завршила со купување на фабриката на Hyundai со Санкт Петерсбург и дека за тоа добила одовбрение од руската влада. Hyundai планира да продолжи со давање постпродажни услуги на посточеките возила.

Најголем дел од европските и азиските производители на автомобили го стопираа производството и го напуштија рускиот пазар откако Москва ги испрати своите воени трупи во Украина во февруари 2022 година.

- Advertisement -

Hyundai во декември минатата година најави дека планира да го продаде својот имот во русија по симболична цена од 101,90 евра, со што губи речиси 200 милиони евра. Работата во нивната фабрика беше сопрена во март 2022 година.

Овие две веќе поранешни фарбики на Hyundai имаа вкупен годишен капацитет од околу 300.000 возила. Art-Finance, пак, е во сопственост на Андреј Павлович, кој претходно го купи имотот на групацијата Volkswagen во Русија уште во мај 2023 година. Фабриката на VW потоа ја применуваше во AGR Automotive. Art-Finance соопшти дека и фабриката на Hyundai ќе биде преименувана кога ќе заврши постапката на регистрација.

- Advertisement -

Од сетот тоа задоволно тријат раце Кинезите. Имено, кинеските производители на автомобили главно ги пополнија празнините во Русија кои ги оставија нивните западни конкуренти.

Продажбата на кинески автомобили на рускиот пазар минатата година достигна врв со учество од над 56%.

(Capital.ba)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -