SpaceX лансираше сателит за истражување на океаните вреден 948 милиони долари

- Advertisement -

SpaceX лансираше сателит за истражување на околината за НАСА, односно вселенско летало од речиси милијарда долари кое ќе прикаже нова слика за климатските промени. Како што велат од НАСА, тие податоци ќе помогнат за подобро да разбереме како океаните и атмосферата го разменуваат јаглерод диоксидот, додека ќе откријат и како аеросолите можат да го поттикнат растот на фитоплантконите во површината на океаните.

„Океаните покриваат 70% од површината на планетата, а сепак се еден од најмалку сфатените делови од земјиниот систем. Сателитот длабоко ќе го унапреди нашето разбирање за тоа како функционираат океаните и каков е животот во океаните“ велат од НАСА.

- Advertisement -

Мисијата доцнеше два дена поради силните ветрови на местото на лансирање, па затоа сателитот беше лансиран денес во 1:33 наутро по источно време, кога деветте мотори од првиот степен на ракетата Falcon 9 го осветлија црното него над Кејп Канаверал.

(Klix.ba)

- Advertisement -

(фото: Needpix)

Сподели!
- Advertisement -