Етиопија прва во светот целосно забрани увоз на бензинци и дизелаши

- Advertisement -

Втората најнаселена африканска државна и една од најбрзорастечките економии во светот, Етиопија, донесе одлука целосно да го забрани увозот на сите возила со мотори со внатрешно согорување. Оваа забрана важи како за половните, така и за новите возила, односно од безнинци и дизелаши сака целосно да се преориентира на електирчни автомобили.

Затоа од Адис Абабе порачуваат дека како прва земја во светот која се одлучила на таков потег заслужува признание на глобално ниво.

- Advertisement -

Министерот за сообраќај на Етиопија, Алему Симе, кој минатата недела ја соопшти оваа одлука на владата, нагласи дека се забранува продажбата на сите возила на фосилни горива и истакна дека Етиопија не произведува фосилни горива, туку ги увезува од странство и на тоа троши значителни средсѕва во странски валути.

Министерто нагласи дека во Етиопија електричната енергија се произведува во големи количини, дека има струја во изобилство, како и дека нјзината цена е доста пониска во споредба со горивата. Според податоците за минатата година, оваа источноафриканска земја на увоз на горива потрошила околу 6 милијарди долари.

- Advertisement -

Иако инфраструктурата за полнење електирчни возила моменталноне ограничена, според податоците на Меѓународната агенција за енергија, Етиопија 100% од својата енергија произведува од обновливи извори благодарение на силниот развој на соларната, хидроенергијата и енергијата од ветрот.

Покрај тоа што тврди дека електричните возила во светот се произведуваат наголемо и дека за нив во Етиопија може да се обезбеди инфраструктура за полнење, министерот нагласи и дека во земјата забрзано се работи на изградба на станици за полнење електрични возила.

- Advertisement -

И покрај тоа што уште не се познати деталите за забраната на увозот на безнинци и дизелаши, паѓа во очи фактот дека токму Етиопија, а не некоја развиена земја, е пионер во примената на електричните возила.

(Smart Life)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -