Се подготвува првиот македонски студентски болид, ќе замине на светски натпревар во Хрватска

- Advertisement -

Тимот MES Racing обединува млади од различни подрачја и позадини, па меѓу нив се наоѓаат студенти од ФЕИТ, Машински, Економскиот факултет и од ФИНКИ. Меѓусебно си помагаат и едни од други учат нови работи, а заедничката цел е јасна – да се изгради првиот македонски и целосно студентски болид.

им од дваесетина студенти, во една од лабораториите на Машинскиот факултет при УКИМ го подготвува првиот македонски болид кој летоска треба да замине на светски натпревар во Хрватска.

- Advertisement -

Обединети под името MES Racing, овие студенти работат на производство на тркачки автомобил кој треба да стигне до формула тест патеката Бугати Римац во хрватска Велика Горица.

Она што тие го подготвуваат треба да настапи на Формула Студент концептот на натпревари кој се организира во повеќе од 20 држави во светот. На овој натпревар, студентски тимови дизајнираат, тестираат и се тркаат со прототипови на тркачки автомобили.

- Advertisement -
фото: MES Racing

Создавањето на болидот не е работа само на студентите-инженери. Тимот MES Racing обединува млади од различни подрачја и позадини, па меѓу нив се наоѓаат студенти од ФЕИТ, Машински, Економскиот факултет и од ФИНКИ. Меѓусебно си помагаат и едни од други учат нови работи, а заедничката цел е јасна – да се изгради првиот македонски и целосно студентски болид.

Слични обиди имало и порано, но ентузијазмот и реализацијата, велат студентите кои се дел од MES Racing, никогаш не стигнале до овој степен – веќе да има 3Д комплетирани модели и да се смета за нешто што со сигурност ќе се оствари.

- Advertisement -

„Работата е поделена на повеќе тимови. Имаме тим за погон, аеродинамика, шасија, суспензија, имаме тим за електрични системи, маркетинг, производни технологии. Тие се тимовите во кои се делиме и сите меѓу себе си помагаме и се поддржуваме. Не е исклучиво дека еден ако работи во еден тим, не работи во друг. Со тоа што, она во кое специјализираме, гледаме да се насочиме таму највеќе“, вели за Мета.мк Георги Камчевски, дел од MES Racing.

Нивниот проект промовира разновидност и одржливост, преку вклучување на девојките во мотоспортот, повторна употреба на деловите, минимизирање на отпадот и користење на еколошко гориво.

Целиот текст на Мета.мк

Сподели!
- Advertisement -