Две третини од најпросперитетните држави во светот се во Европа, според индексот на просперитет „Легутам“ за 2023 година. Високо котираат Луксембург, Швајцарија, Холандија и Австрија, објави Еuronews, а пренесува порталот Кариера.мк.
Нордиските земји се над ЕУ-просекот, но не успеаја да ги заземат првите места.
Норвешка се најде на 2. место. Финска е на 10. место, а Шведска се најде на 13. место од вкупно 35 земји на листата. Исланд и Данска се најдоа на 7. и 8. место.
Гледајќи ги четирите најнаселени земји на ЕУ, просечниот расположлив приход беше над просекот на ЕУ во Германија и Франција, додека беше помал во Италија и Шпанија. Хрватска, последната земја што ѝ се приклучи на ЕУ, имаше повисок просечен расположлив приход од шест земји на ЕУ.
На дното се земјите од регионот кои не се дел од ЕУ, меѓу кои е и Македонија. Нешто подобра од Македонија е Црна Гора.
Фото – Wikimedia