ОАЕ потпишаа договор за воведување летачки такси услуги до 2026 година, а Дубаи ќе стане првиот град во светот кој ќе стартува комерцијална електрична летачка такси услуга
Новинската агенција Emirates објави на платформата X дека воздушнто такси восило Joby Aviation S4 е дизајнирано да прими еден пилот и четворица патници и дека има нулта емисија на издувни гасови.
Таксито, со максимален досег на летање од 161 км и максимална брзина од 320 км/ч, ќе биде на услуга во близина на Меѓународниот аеродром во Дубаи, во центарот на драгот, Дубаи марината и Палм Џумеира.
Времето на патување меѓу Меѓународниот аеродром и Палм Џумеира, кое моментално трае 45 минути со автомобил, ќе биде скратено на 10 минути со летачкото такси.
(021)
(фото: EVTOL News)