Google го смени името на својот четбот Bard, кој користи вештачка интелигенција, во Gemini и стартуваше нова апликација која ќе биде само за претплатници.
Компанијата ги претстави новите начини на кои потрошувачите ќе можат да пристапат до оваа AI алатка преку системот Android.Корисниците на iPhone можат да го користат Gemini во рамките на Google аликацијата на оперативниот систем iOS.
Google, исто така, соопшти дека го стартуваат својот најголем јазичен модел (LLM) Gemini Ultra. Оваа услуга ќе биде достапна за 20 долари месечно со двомесечна бесплатна пробна верзија.
Компанијата ја стартува и новата апликација Gemini Advanced за Android и ја носи во апликацијата Google зa iOS.
Gemini Advanced ќе биде достапна во повеќе од 150 земји и територии, засега само на англиски јазик, а подоцна ќе добие и своја јапонска и корејска верзија.
(021)
(фото: Gemini)