Ова се десет најдобри земји за дигитални номади во светот

- Advertisement -


Во новиот извештај на платформата за сајбер безбедност Nordlayer анализира 108 земји кои се најпогодни за дигиталните номади врз база на социјалните и инфраструктурни фактори.

Анализата покажала дека Европа била далеку најдобар континент за работа на далечина во 2023 година. Имено, сите први десет места на листата со најдобри земји за дигитални номади се европски земји.

- Advertisement -

Глобалниот индекс за работа на далечина за 2023 година собрал податоци од 108 земји и им дава оценки врз основа на повеќе различни критериуми, меѓу кои пристап до стабилен и брз интернет, дигитална и физичка инфраструктура, социоекономски поволности како што е здравствената заштита и заштитата на човечките права и финансиска безбедност.

Данска постојано ја прогласуваат за најсреќна земја во светот и сега има највисоки оценки по сите критериуми од овој извештај. И покрај високите трошоци за живот (94. место) и скапиот интернет (42. место), Данците уживаат во многу добар квалитет на интернетот (7. место) и посебно се истакнуваат по својата социјална вклученост (6. место) и социјалните бенефити, вклучувајќи ја и здравствеаната заштит (3. место).

- Advertisement -

Општестените услови исто така и го обезбедија второт место на Холандија. Оваа земја има посебно добри оценки на полето социјална безбедност, лични права(3. место) и социјална инклузија (6. место). Во комбинација со брзата, стабилна дигитална инфраструктура и добрата сајбер безбедност, Холандија е безбедна на второ место на листата.

На трето место е Германија, која се издвои од останатите земји со највисока наплата со најповолен интернет (1. место) и најсилен правен систем(1. место).

- Advertisement -

Целосната листа со топ 10 земји за дигитални номади е следната:

1. Данска

2. Холандија

3. Германија

4. Шпанија

5. Португалија

6. Шведска

7. Естонија

8. Литванија

9. Ирска

10. Словачка

(Bug.hr)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -