Јапонија го лансира првиот дрвен сателит во вселената

- Advertisement -


Научници од јапонскиот Универзитет Кјото направија мал сателит од дрвото магнолија, наречен LignoSat, со цел да се намали загадувањето во вселената. Ова дерво на тестовите покажало отпорност на вселенските услови, а се очекува дека сателитотќе бде лансиран со американска ракета идново лето, пренесува The Guardian.

Ако LignoSat покаже стабилност во орбитата, постои можност за поголемо користење на дрвото како градежен материјал за повеќе сателити. Се проценува дека над 2.000 вселенски летала ќе бидат лансирани годишно во текот на наредните неколку години, а алуминиумот, од кој сега се прават сателитите, може наскоро да претставува голем еколошки проблем поради согорувањето при повторното влегување во земјината атмосфера.

- Advertisement -

Неодамнешно истражување кое го спроведоа научнити од Универзитетот Британска Колумбија откри дека алуминиумот може да предизвика сериозно оштетување на озонската обвивка која Земјата ја штити од ултравиолетовото зрачење на Сонцето и исто така може да влијае на количината сончева светлина која патува низ атмосферата, што може да се избегне со користење дрвени сателити.

(N1)

- Advertisement -

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -