ЕУ официјално отвора Канцеларија за вештачка интелигенција

- Advertisement -

Канцеларијата на ЕУ за вештачка интелигенција официјално беше отворена денес, а меѓу главните задачи на оваа канцеларија ќе биде надгледување на примената на Законот за вештачка интелигенција, идентификување на потенцијални ризици и кршење на правилата и поттикнување на користењето на доверлива вештачка интелигенција.

Во Канцелраијата ќе бидат вработени околу 100 луѓе, од кои 20 ќе бидат преместени од Генералниот директорат за комуникациски мрежи, содржина и технологија, додека останатите, вклучувајќи ги и националните експерти, ќе бидат ангажирани во текот на наредните седмици.

- Advertisement -

Во надлежност на новата канцеларија, меѓу другото, ќе биде надгледување и спроведување на почитувањето на правилата на Законот за AI за моделите на вештачка интелигенција за општа намена и креирање кодекс на пракса, насоки и алатки за евалуација.

Оваа канцеларија ќе биде центар на експертиза на полето вештачка ингтелигеција во ЕУ. Ќе има клучна улога во спроведувањето на Законот за AI, пишува на сајтот на Европската комисија. Канцеларијата ќе работи и на унапредувањето на мерките и политиките за искористување на социјалните и економските бенефити на AI ширум ЕУi, ќе дава совети за најдобри практики и ќе поттикнува иновативни екосистеми базирани на AI со цел постигнување поголема конкурентност и економски раст во ЕУ.

- Advertisement -

Канцеларијата е основана во рамките на Европската комисија и ќе биде темел на единствениот европски систем за ушравување со вештачка интелигенција. Таа ќе соработува со државите-членки и со попироката стручна заедница и ќе осигура стратешки, кохерентен и ефикасен европски пристап на меѓународно ниво.

(N1)

- Advertisement -

(фото: EU)

Сподели!
- Advertisement -