Кому ќе му верувате повеќе за вашата кариера – на вашите шефови и менаџери или на вештачката интелигенција? Ако ја прашате генерацијата Z, односно малдите родени од средината и крајот на 90-тите години до почетокот на минатиот век, одговорот е прилично изненадувачки затоа што тие повеќе и веруваат на технологијата. Така покажа неодамнешно истражување спроведено од страна на компанијата за развој на кариера и човечки ресурси INTOO и истражувачката компанија Workplace Intelligence.
Речиси половина од нив, односно 47% велат дека подобри совети за кариерата добиваат од ChatGPT во однос на нивните шефови. Интересно е тоа што истражувањето покажало дека 44% од младите сакаат да дадат отказ во наредните шест месеци.
Иако истражувањето покажало дека младите повеќе и веруваат на технологијата отколку на своите надредени, интересно е дека кога е во прашање користењето на вештачката интелигенција, се покажало дека постарите вработени, односно миленијалците и генерацијата X почесто ја користат во однос на генерацијата Z. Причината за тоа, како што е објавено во едно претходно истражување, е дека постарите вработени се чувствуваат присилени да научат да користат алатки базирани на вештачка интелигенција за да се наостануваат зад помладите вработени и новите трендови. Од друга страна, младите кои пораснале со интернетот и мобилните телефони во рака имаат поголеми очекувања од технологијата и знаат дека можат брзо да ја променат ако алатките кои им ги дава не им одговараат за работа.
(CNBC)
(фото: Wikimedia)