ЕУ го казни Apple со 1,8 милијарди евра поради непочитување на правилата за конкуренција

- Advertisement -

Европската комисија вчера го казни Apple со 1,8 милијарди евра поради непочитување на правилата за конкуренција во ЕУ, на пазарот за стримување музика на интернет, соопштија од ЕУ. Тоа е казна без преседан во досегашната пракса, па американскиот гигант одлучи да се жали.

Spotifу, многу популарната платформа за стримување музика, се пожали во Брисел поради праксата на Apple за непочитување на европските правила за лојална конкуренција, со тврдење дека не гарантираат слобода на избор за сите корисници на интернет.

- Advertisement -

На крајот на официјалната истрага отворена во јуни 2020 година европската извршна власт пресуди во корист на подносителите на жалбата. Десет години Apple ја злоупиотребувал позицијата на пазарот за стримување музика преку својата AppStore продавница за апликации, се вели во соопштението од Европската комисија.

Apple групата, според мислењето на Европската комисија, поставила ограничувања за да ги спречи програмерите на апликации на корисниците на iPhone и iPad да им овозможат алтернативни и поевтини услуги достапни надвор од Apple.

- Advertisement -

„Тоа е назаконско. Според анитмонополските правила на ЕУ, денес го казнивме Apple со над 1,8 милијарди евра“, се додава во соопштението.

Ова е прв пат ЕУ да го санкционира Apple поради кршење на правилата за конкуренција. Музичкиот стриминг сервис на компанијата, некогашен iTunes, а сега Apple Music, е доминантен меѓу корисниците на iPhone, меѓу другото, и поради тоа што е интегриран во неговиот оперативен систем.

- Advertisement -

Сите останати сервиси за стримување музика се достапни преку апликации на AppStore, но не се ни одблиску едноставни за користење како системот на Apple, а има и разни други ограничувања кои ги наметнува компанијата врз нив.

(N1)

(фото: Trusted Reviews)

Сподели!
- Advertisement -