Европа ќе забрани мини хотелска козметика и амбалажа за брза храна во рестораните

- Advertisement -

Пластичните пакувања за еднократна употреба за пакување свежо овошје и зеленчук, мини хотелската козметика и амбалажата за брза храна во рестораните ширум Европа наскоро ќе бидат забранети. Оваа новина следува откако беше постигнат договор за поодржливо пакување на секојдневните предмети. Договорот кој беше постигнат значително помалку амбициозен во споредба со оригинално предложениот.

Новиот законодавен акт има за цел соочување со неверојатниот пораст на отпад од амбалажи во ЕУ, каде што во просек се генерирани 188,7 кг отпад по жител во 2021 година. Тоа е за 10,8 кг повеќе отколку во 2020 година и е најголем пораст во последните десет години.

- Advertisement -

Од Европскиот парламент велат дека ова е историски договор со кој од сите индустриски сектори, како и од сите земји членки, се бара да вложат напори. Но, исто така, од секој потрошувач се бара да има улога во оваа борба против прекумерниот отпад од амбалажа.

Како дел од овие напори, сите пакувања на пазарот во ЕУ мора да може да се рецикираат до 2030 година. Рестораните со храна за понесување исто така ќе мора да им дозволат на купувачите да донесат свои садови за во нив да им се стави храна или пијалаци. ЕУ, исто така, ќе забрани употреба на многу лесни пластични кеси.

- Advertisement -

Иако законодавците со олеснување го пречекаа овој договор, тој е далеку од првобитниот предлог на Европската комисија, која бараше широка забрана и цели за некои сектори целосно да ги оддалечи од амбалажата за еднократна употреба. На почетокот, на пример, идејата била сета амбалажа за еднократна употреба која се користи во рестораните за моментална консумација да биде забранета, не само пластичната.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -