Италија ќе инвестира милијарда евра во вештачка интелигенција

- Advertisement -

Италија планира да постави инвестициски фонд вреден милијарда евра за поттикнување на равојот на вештачка интелигенција. Со поддршка од CDP Venture Capital, огранок на државната развојна банка Casse Depositi e Prestiti (CDP), фондот би можел од приватниот сектор да добие уште најмалку 2 милијарди евра.

Италија сака да ја искористи услогата претседател на групата Г7, која ја презеде на почетокот на годината, за насочувае на вниманието кон вештачката интелигенција на работните места и нееднаквоста и истовремено да работи на условите за развој на таа технологија.

- Advertisement -

Освен тоа, владата на Италија работи и на закон за регулирање на овој сектор во земјата. Имено, владата подготвува закон кој има за цел да воспостави некои начела и да ги утврди прописите усогласени со европската регулатива во процесот на одобрување и да ги идентификува најефикасните мерки за поттикнување на производните способности.

Предлог-законот ќе биде претставен во текот на наредните неколку недели, а владата ќе воспостави и тело за надзор и поддршка во спроведувањето на националната стратегија за развој на вештачка интелигенција.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Pixexid)

Сподели!
- Advertisement -