„A1 Academy” го отвoра пријавувањето за модулот Бизнис аналитика

- Advertisement -

А1 Македонија најавува нов повик за бесплатната Академија за дигитални вештини, „A1 Academy” и од денеска до 03.04.2024 г. ја отвора можноста за пријавување на модулот – Бизнис аналитика.

Академијата за Бизнис Аналитика нуди иновативен и современ пристап кон решавање на традиционалните бизнис предизвици, а воедно и совладување на модерните и актуални бизнис проблематики што произлегуваат од технолошки напредниот 21ви век. Целта на оваа програма е да се објаснат најновите методи и практики кои се повеќе се употребууваат во сферата на бизнис аналитика и оперативниот менаџмент на младите и заедницата за реално практикување на дигиталните вештини неопходни за современ и модерен живот. Повторно очекуваме голем одзив и подготвени сме да ги споделиме знаењата со младите луѓе на кои им е потребно детално познавање на модерните тематики”изјави Елена Димовска, раководителка на одделот за корпоративни комуникации во А1 Македонија.

- Advertisement -

Сите млади на возраст од 18 до 25 години што сакаат да бидат дел од целосно бесплатната „A1 Academy” и модулот – Бизнис-аналитика, потребно е да пополнат апликација, достапна на следниот линк. Сите пристигнати апликации ќе бидат детално разработени, а селекцијата ќе биде направена врз основа на мотивациско писмо, желбата и мотивот на кандидатите. Курсот започнува на 9 април 2024 година.

По завршување на секој модул од Академијата, секој учесник добива сертификат за стекнатото знаење.

- Advertisement -

Академијата е продолжување на активностите на А1 Македонија во рамките на проектите на компанијата за општествена одговорност и одржливо работење, обединета под мотото „За подобар свет“.

Сите информации за академијата можете да ги најдете на официјалната веб страница на линкот.

Сподели!
- Advertisement -